Византиските хроничари Скилица и Зонара известуваат за две востанија на Самоил.
првото против Бугарија 969г.
второто против Византија 976г.
За да се разберат Византиските автори треба да се знае дека терминот "бугари" од средината на 9век се употребува како политоном врз сите народи кои се во склоп на Бугарското царство,тоa ни го велат самите автори Скилица и Зонара во ,,Индексот" на своите хроники:
-Bugari et passim
Востанието на Самоил започнало и поголемиот дел од воените дејства се одвивал во Македонија,Бугарската историографија востаниците "бугарите" ги претставува како етнички Бугари,но без притоа да покаже извори на населување на Бугарските племиња Котригури и Оногундури во Македонија
Хрониката Страбонов Епитоматор од 950г-1000г од време на Самоил вели дека Македонија е населена со Славјани,не спомнува Бугари на територија на Мк.Сега се поставува прашањето ако терминот "бугари"не е политоним со исто значење како и "ромеи" каде се населените бугари во Мк
За време на првото востание против Бугарија според Скилица и Зонара пратени се синовите на Цар Петар,Борис и Роман да ги запрат Комитопулите,но синовите на Петар не бегаат кај Самоил,не се осојузуваат со него туку бегаат кај Русите и влегуваат во сојуз со Русите против Византија
Наместо во сојуз со "бугаринот"Самоил и неговите "бугарски" востаници синовите на Петар,Борис и Роман освен со Руси,влегуваат во сојуз и со Турките и Печенегите против Византија
Додека Цар Самоил не реагира и не учествува во тие настани,бидејки бил на чело на свое востание.
Додека Самоил е во својот град Охрид и е тотално исклучен од настаните на Дунав,Велики Преслав е под опсада од Византијците кој во тоа време е сеуште главен град на Бугарите и на Бугарскиот цар Борис синот на Петар.
Се поставува прашање зашто Самоил не помогнал на Бугарскиот цар
Додека трае првото востание на Самоил во Македонија,Византијците го освојуваат Велики Преслав,го заробуваат бугарскиот цар Борис заедно со семејството.
Ако за Византијците синот на Петар,Борис во 969г е цар,тогаш Самоил кренал востание против Бугарија.Факт
Додека трае првото востание на Самоил против Бугарија,Византијците го уништуваат сојузот на Бугарскиот цар Борис со Русите,ја уништуваат Бугарската држава а цар Борис пред толпата во Константинопол јавно е деградиран во обичен МАГИСТЕР.
А на запад се раѓа ново Славјанско царство
Според хроничарот Зонара и Скилица
во 976г по смрта на Императорот Цимискиј
ПАК ВОСТАНАЛЕ.
976г започнува второто востание на Комитопулите на чело со Самоил но овој пат против Византија.
Востанието на Комитопулите започнува во Македонија,повекето од воените дејства на Византија против Самоил се во Македонија,ако терминот "бугари" не е политоним тогаш редно би било Бугарската историографија да прикаже извори на населување на Бугари-Котригури и Оногундури во МК.
Околу 986г Самоил го зазема Велики Преслав,кој е столица и царски град на сите Бугарски цареви,во свое владение го држи до 999-1000г но не ги запоседнува царските дворци туку негова престолнина е Охрид и Преспа,каде што создава и нова Патријаршија на чело со Патријархот Герман.
Охрид е престолнина на Цар Самоил и таму се неговите царски дворци.
Прашањето е зашто Цар Самоил како "бугарски" цар не ги запоседнал царските раскошни дворци во Велики Преслав кои биле околу 15г во негово владение
Цар Самоил како "бугарски" цар не го ородува своето семејство со брачни врски со етнички Бугарски бољари или со бугарското царско семејство туку се ородува со синот на управителот на Солун и владетелот на Зета(Србија).
кога започнува второто востание во 976г,цар Борис и Роман бегаат од Византија да му се придружат на Самоил.На граница цар Борис "случајно" загинува додека Роман стигнува кај Самоил.Дали цар Борис "случајно" загинува или е ликвидиран од Самоил за да му се ослободи патот до круната
Роман е прифатен од Самоил но како шкопец не претставува никаква закана за Самоил па сходно на тоа Самоил го поставува за управник на Скопје.Но по една битка Роман го предава Самоил и без битка го предава градот на Императорот и за тоа е награден од Византискиот Император
Самоил ниту преку својот законит син Гаврил Радомир не се поврзува со семејството на Бугарските цареви туку напротив се поврзува со Унгарското кралско семејство,а подоцна по втор пат се жени за заробена Ларисанчанка.
Цар Самоил ниту ја презема ниту на било каков начин се поврзува со Бугарската Патријаршија и патријархот Дамјан,кои се уништени од Императорот Цимоскиј, туку за свои потреби создава нова Преспанска Патријаршија со свој Патријарх Гаврил,
Ново Царство,Нова Круна,Нова Патријаршија
Цар Самоил ја создава Преспанска Патријаршија,најверојатно во 976 г.
Прв Патријарх е гг.Герман,чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град.
Во црквата има и список на Епископствата,но таму нема ни Б од Бугари/Бугарска.А нели таа била "бугарска"
од времето ма Цар Самоил има уште два натписа,едниот надгробната плоча на неговите родители и брат,а другиот натпис е Варошкиот натпис.
И во двата нема ни Б од Бугари/Бугарски/Бугарија
По поразот на битката на Беласица,15 000 Самоилови војници се заробени и ослепени,Цар Самоил од страшната глетка добил срцев удар и починал.
Прашање до БАН,кои се тие "бугари" ако нема извори за населување на Бугари-Котригури и Уногундури во Македонија.
во Хрониката на Скилица има забележано сведоштво каде највидните луѓе во Солун се симпатизери на цар Самоил и пребегнуваат на негова страна.Но такво сведоштво за приклучување на етнички Бугари од Дунав нема.Има само штуро објаснување колку лесно Императорот си го повратил Преслав
Скилица во неговата хроника ги опишува воените дејства на Самоил во Тракија,Македонија,Тесалија,Пелопонез,Елада,
но за Дунав и Хемус каде се населени етнички Бугари нема ништо.
Се поставува прашањето кои се тоа "бугарите" од МК,кога,каде,која година се населени,извори за тоа???
Хроничарот Константин во своето дело наведува дека не само Македонија туку и Пелопонез е населен со Славјани и е целосно пославјанчен во Х век.
Додека за било какво населување на Бугари во МК нема никаде ништо запишано.
"немам доказ но тврдам" е најголемиот аргумент на БАН
По смрта на Самоил,Гаврил синот на Самоил наречен и Роман ја презема власта над царството,но е убиен од сопствениот братучед,од братучедот кого лично го спасил од сигурна смрт.
Во Битола,во тоа време од Грците наречена Бутели е градот каде се наогале дворците на Цар Гаврил,синот на цар Самоил
По убиството на Гаврил од страна на Јован,Јован го убива и зетот на Самоил,Владимир.
Јован се заколнал дека не му мисли лошо на Владимир,го повикал Владимир,го прекршил зборот и го убива Владимир.
Јован владее 2г и 5 месеци,убиен е за време на опсада на Драч....
Братоубиство и предавство е Македонско проклетство
по смрта на Цар Јован,Марија сопругата на Јован
заедно со целата царска фамилија на Самоил,
се предава на Византискиот Император.
6 синови и 6 керки на Цар Јован.
1 незаконен син на Цар Самоил.
5 синови и 2 керки на цар Гаврил
Share this Scrolly Tale with your friends.
A Scrolly Tale is a new way to read Twitter threads with a more visually immersive experience.
Discover more beautiful Scrolly Tales like this.