Изворите потврдуваат - и во 13. век, турко-монголските прави Бугари биле присутни на нашиот полуостров.
Тоа ја урива официјалната бугарска теорија за раното создавање на некаков хомоген словено-бугарски народ и го руши вештачкиот темел на современата тнр. бугарска нација.
Секојпат кога ќе објавиме таков запис против бугарските илузии, нашите редовни следачи Бугари се мачат да го релативизираат. Но, така всушност, само го потврдуваат тој факт.
Имено, посочувајќи ги Бугарите - „Сарацени“ во Азија, како сроден народ со Бугарите на Дунав, еден наш читател кој прифатил да има бугарски идентитет, Ивајло А., уште еднаш докажа дека тогашните прави Бугари (13. век) биле туркски народ.
Коментарите се јавно поставени - #public под нашатa објава.
ИЗВОР: Латински извори за българската история - ЛИБИ, том IV, БАН, София, 1981.
КОИ СЕ САРАЦЕНИТЕ?
Етимологија: Коренот на називот „Сарацени“, најверојатно е арапскиот поим „شَرْقِيِّين (šarqiyyin),“ што значи - луѓе од Истокот.
„Сарацени“ во средниот век било збирно име за исламските народи. Средновековните Европејци така ги именувале прво Арапите, а до доцниот среден век тоа било назив и за Туранците, семитско-хамитските народи,
па понекогаш и за црнците од Африка, т.е. општо гледано - за не-европските народи.
Така, ова е уште едно камче во мозаикот за правите Бугари. Овојпат во изворите тие се претставени како Сарацени, или, повторно - не-Европејци!
JEWISH EXPERT TAKES A STAND AGAINST ATTEMPTS TO FALSELY DEPICT BULGARIAN "TSAR" BORIS III AS "SAVIOR" OF JEWS DURING THE HOLOCAUST
Solomon Bali, an expert on anti-Semitism and radicalism and member of the international Jewish organization B'nai B'rith,
has publicly objected to Bulgaria's attempts to portray Bulgarian King Boris III as a "savior" of Jews during the Second World War. Bali told Bulgaria's TV1 that Jews in Bulgaria were not saved during the Holocaust
but "survived after their postponed deportation" to the Nazi death camps.
In his role as head of the Bulgarian state at the time, Boris III was responsible for the deporting - and the death -
МАКЕДОНИЈА ИМ ПРИПАЃА НА МАКЕДОНЦИТЕ, КОИ СЕ ПОСЕБНА НАЦИЈА; ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ВОСПОСТАВИ МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК - 1910 г.
Чешкиот весник „Нови лид“ (Novy Lid) во септември 1910 година отпечатил допис од патеписец од градот Брно кој ги посетил Македонија и Грција.
Дописникот се претставува како поборник за автономна Македонија и дава пресек на геополитичката состојба, констатирајќи дека Европа нема никогаш да ги спроведе ветените реформи во Македонија
затоа што „не ги разбира и не сака да ги разбере” вистинските причини за положбата во којашто таа се наоѓа.
Написот ја потврдува засебноста на македонскиот народ, велејќи дека „Македонија им припаѓа на Македонците,
ЕВРЕИТЕ ЗА НАЦИ-ФАШИСТИЧКА БУГАРИЈА И „ЦАРОТ“ БОРИС ТРЕТИ
Бугарскиот стручњак за антисемитизам и радикализам, Соломон Бали од меѓународната еврејска организација „Б'неј Б'рит“ (B'nai B'rith) се противи на обидите - бугарскиот цар Борис Трети да се претстави како некаков „спасител“ на Евреите од Бугарија во Втората светска војна.
За бугарската ТВ1, тој вели дека немало спасување на Евреите во Бугарија, туку „преживување по одложената депортација“ во логорите на смртта.
Никола Пушкаров бил бугарски револуционер, учесник во бугарското и македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Во еден напис од 1919 година, ја опишува посебноста на Македонија и Македонците. Следи целата статија:
СТОПАНСКОТО БОГАТСТВО НА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ СОСЕДИ
Сите соседи на Македрнија се нејзини доброжелници. Секој oделно со сите средства настојува да им го внуши на Македонците своето значење на спасител.
Денеска ексклузивно ви ја претставуваме книгата со сите страници, „Македонска Песнарка“ од македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски, отпечатена и објавена во Софија во 1879 година.
Македонскиот национален деец Димитрија Чуповски e роден на 8 ноември 1878 г. во село Папрадиште, Велешко, Македонија; починал на 29 октомври 1940 г. во Санкт Петербург (тогашен Ленинград), Русија. Во 1914 г., тој пишува:
„Ние Ви изјавуваме дека ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари и не сме Грци. Но нашето срце е отворено за љубов и вечно пријателство спрема сите Вас.
Одречете се само од она што во занесот на озлобувањето, предизвикано од подмолните интриги на нашите заеднички врагови сте го зеле со меч и што можете да го задржите само со силата на оружјето. Ставете го правото на она место што му припаѓа - над егоистичните сметки и насилства.