Profile picture
☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞ @C4i7Z
, 19 tweets, 3 min read Read on Twitter
Ѓорге Иванов: Почитувани граѓани на Република Македонија, Дозволете да ве информирам дека денеска за прв пат на увид ми беше доставен постигнатиот договор меѓу премиерите на Република Македонија и на Република Грција.
На средбата што изутринава ја имав со премиерот Заев и министерот Димитров, им кажав дека ова е нивен личен договор, нивна лична одлука и нивна одговорност.
Им укажав дека овој штетен договор претставува напуштање на досега изградените суштински државни позиции, а кои беа потврдени и на последните две лидерски средби.
Тоа се: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба, или ерга омнес. Ваквиот штетен договор, кој е единствен во историјата на човештвото, за мене е недостоинствен и неприфатлив.
Со него се крши Уставот, Законите и се рушат државните институциите. Нема да легализирам политички дивоградби. Владата не смогна сила и храброст да изградиме заеднички став и да се постигне национален консензус.
Целиот овој преговарачки процес се одвиваше несериозно, неодговорно и нетранспарентно, за што сведочи и крајниот резултат.
Почитувани граѓани, Текстот на договорот е поразителен за Република Македонија. Со него не се предвидува само промена на уставното име, туку промена на преамбулата, како и на сите членови од Уставот каде се споменува името и термините, произлезени од името Македонија.
Дали е патриотизам да се менува преамбулата и да се избрише државно правниот континуитет на Република Македонија, Крушевската Република и АСНОМ? Дали е патриотизам бришење на членот од Уставот за заштитата на македонското малцинство во соседните земји?
Дали е достоинствено да се информираат сите членки на Обединетите Нации дека сте го промениле уставното име? Дали е достоинствено да ги прифатите сите грчки барања и ултиматуми?
Дали е лидерство да се прифати текст на договор во кој нема никаква правна сигурност и гаранции за македонската страна? Со ваков договор се отвораат многу повеќе прашања и проблеми, отколку што се затвораат.
Прашања со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Грција успеа да ги исполни своите максималистички барања. Одговорно тврдам, дека тоа што го направи со Македонците во Грција, сега преку овој договор, настојува да го направи со Македонците во МК.
Со ваков договор не се јакне македонскиот идентитет, туку се деградираат веќе стекнатите права кои ги имаме во Обединетите Нации. Се погазува заветот на нашите предци, на оние кои со чисто срце го создаваа вековниот идеал и стремеж за наша една и единствена Македонија.
Се погазува 73 годишното право на самоопределување и државност на македонскиот народ, се брише 27 годишната историјата на независната македонска држава. Се што е свето за Македонија е погазено, а правото и гордоста на неродените да бидат Македонци им се ускратува.
Република Македонија ја губи својата суверена еднаквост што произлегува од Повелбата на Обединетите Нации. Повикувам да престане да се злоупотребува остварувањето на нашите стратешки цели и определби.
Европската Унија и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор, кој ќе предизвика несогледливи и штетни последици по државните и националните интереси на Република Македонија. Ваквиот договор не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира.
Како Претседател на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, ќе се залагам за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.
На крај, го повикувам македонскиот народ каде и да се наоѓа да не се плаши. Не ја губете вербата во себе. Чувајте го и негувајте го нашиот многувековен идеал на непокорот. Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани.
Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор. Ви благодарам. #RexMacedon St. Gjorgje the Victorious.
@threadreaderapp unroll please
Missing some Tweet in this thread?
You can try to force a refresh.

Like this thread? Get email updates or save it to PDF!

Subscribe to ☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞
Profile picture

Get real-time email alerts when new unrolls are available from this author!

This content may be removed anytime!

Twitter may remove this content at anytime, convert it as a PDF, save and print for later use!

Try unrolling a thread yourself!

how to unroll video

1) Follow Thread Reader App on Twitter so you can easily mention us!

2) Go to a Twitter thread (series of Tweets by the same owner) and mention us with a keyword "unroll" @threadreaderapp unroll

You can practice here first or read more on our help page!

Did Thread Reader help you today?

Support us! We are indie developers!


This site is made by just three indie developers on a laptop doing marketing, support and development! Read more about the story.

Become a Premium Member and get exclusive features!

Premium member ($3.00/month or $30.00/year)

Too expensive? Make a small donation by buying us coffee ($5) or help with server cost ($10)

Donate via Paypal Become our Patreon

Thank you for your support!